Свет

Јужна Кореја истрела проектили како одговор на Северна Кореја

24.03.2022 14:36

Војската соопшти дека е подготвена, доколку е потребно, прецизно да ја таргетира областа од која Северна Кореја истрела балистички ракети...

Јужна Кореја истрела неколку проектили како одговор на потегот на Северна Кореја. Војската соопшти дека е подготвена, доколку е потребно, прецизно да ја таргетира областа од која Северна Кореја истрела балистички ракети.

Последната веројатно била интерконтинентална, што би било прво такво лансирање во целиот опсег на најголемите ракети од 2017 година.

Јапонските власти наведуваат дека проектилот паднал на 170 километри од границата, пишува „Франс прес“.