Текстилниот отпад- можност за заработка
Текстилниот отпад е еден од најголемите глобални загадувачи. Со кружна економија, односно повторна употреба на текстилниот отпад може да се намали загадувањето – заклучок од проектот за редуцирање, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад во Штип.

Текстилниот отпад на светско ниво е еден од најголемите загадувачи, а во Штип градот на текстилот, годишно се создава околу 700 тони текстилен отпад. Во обид за решавање на проблемот во Штип две невладини организации и Универзитетот Гоце Делчев работат на проект за кружна економија, односно третирање на отпадот како ресурс за нови производи.
Имаме закон за справување со ваков отпад со план текстилниот отпад до 2030-та да се сведе на нула, но дел од законските решенија за сега не ветуваат дека тоа и ќе се случи.
Проектот за кружна економија до сега резултираше со производство на облека, чорапи и перници за седење. Средствата од продажбата се наменети за помош на лицата во социјален ризик да отворат свој бизнис.
Славица Величковска
