Имунизација

Караванот за вакцинација против Ковид-19 во Струмица

24.03.2022 15:55

Мобилни екипи на лекари и медицински персонал денес четири часа беа на плоштадот во Струмица. Граѓаните имаа можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19…

Од мај минатата година до денес во Струмица аплицирани околу 65 илјади вакцини. Голем дел од нив граѓаните ги примиле на пунктовите, а околу 8.000 вакцини се аплицирани и на терен и во домашни услови. Здравствените работници од Струмица потенцираат дека оваа бројка не ја отсликува реалната бројка на вакцинирани струмичани, голем дел од нив се вакцинираа во други градови и држави.

Струмичани кои денес дојдоа на вакциналниот пункт на плоштадот, чекаа во ред да примат трета доза вакцина, а имаше и такви кои за прв пат се имунизираа.

Директорката на здравствениот дом Митева, децидна дека граѓаните што се вакцинирани во странство, на локациите ќе може да се евидентираат во системот „Мој Термин“.

Состојбата со Ковид-19 во земјава внимателно се следи, а доколку постои можност, ќе се предлага постепено релаксирање на мерките, сметаат надлежните. Според податоците достапни на веб-страницата за вакцинација, досега во земјава се вакцинирани 869.763 лица.

Стојне Митева