Евроинтеграции
Средба Ковачевски - Шолц во Брисел
24.03.2022 16:14
Премиерот Ковачевски го информирал за напредокот во дијалогот со Бугарија, за деблокада на нашиот интегративен процес и за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Македонскиот премиер во Брисел се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц. Ковачевски го информирал за напредокот во дијалогот со Бугарија, за деблокада на нашиот интегративен процес и за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Ковачевски истакнал дека воената агресија врз Украина покажа дека проширувањето со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување, туку и геостратешко позиционирање во регионот.
Според него, земјава целосно ги исполни условите за почеток на преговорите и затоа граѓаните очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската.
