Кошарка – Супер лига

МЗТ Скопје се мачеше, но победи во Куманово

05.04.2014 21:42

Стартот најавува интересна Супер лига иако кошаркарите на двојниот шампион МЗТ Скопе влегоа како големи фаворити...

Во второто коло, аеродромци се намачија на гостувањето кадешто никогаш досега не загубиле и го совладаа Куманово со 77:76. Иако домаќините имаа и позитива од шест поени во првото полувреме, клучен за вториот триумф сезонава на МЗТ Скопје беше почетокот на последниот период кога гостите направија мини серија од 8:2. Во завршница со многу слободни фрлања, кошаркарите на екипата од Аеродром беа непогрешливи. Чековски со 24 и Синовец со 18 поени  беа најефиксани кај скопјани, додека кај кумановци со по 24 коша се издвоија Луковиќ и Мандиќ.

Очекувано, Работнички немаше проблеми и славеше против Струмица во „Градски парк“ со 82:69, со одлично издание на американнското засилување Колмен кој реализираше 16 поени. 14 постигна Брчков, 13 Мираковски.