Човекови права во време на пандемија
Ковид кризата го доведе во прашање пристапот до човековите права. Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ тврди дека и во екот на пандемијата, и покрај ограничените капацитети, сите пациенти добиле нега, иако и самата призна дека можеби имало пропусти, а квалитетот не бил секогаш на највисоко ниво. За разлика од здравството, пандемијата донесе низа проблеми во образованието...
Здравствените власти успеале да обезбедат задравстевна грижа и нега на сите луѓе и покрај ограничените капацитети и силината на брановите на ковид пандемијата, тврди директорката на Инфективната клинка Стевановиќ. Можеби не со најдобар квалитет и со пропусти, но сечие право било испочитувано, посочува Стевановиќ. Властите дале напор да ги изменаџираат потребите на ковид инфицираните и оние со други тешки заболувања и во услови со по близу 50.000 пациенти кои побарале помош или биле хоспитализирани. Но, сè додека секој смета дека треба прв да биде згрижен, правото на другиот ќе биде повредено.
Новововедениот начин на следење на наставата предизвика низа проблеми во образовниот систем. Дел од учениците на почетокот немаа еднаков пристап до образовниот процес поради техничките ограничувања, со тек на времето тоа било елиминирано. Наставниците уверуваат дека од кризата ни покажа колку е значајно образованието.
Ресорниот министер Шаќири со потсетување дека во тешки здравствени кризи сепак е подобро да се зачува правото на живот па дури потоа на образование. Заради тоа, он лајн наставата ја смета за најдобриот начин образованието да се одвива и во време на пандемија.
Фиљана Кока
