Воен конфликт

Ефремов: 95 проценти од нашинците се евакуирани од Украина

24.03.2022 17:40

95 проценти од нашинците се евакуирани од Украина- тврди македонскиот амбасадор во оваа земја. Сепак, тој смета дека кризата во голема мера ќе се рефлектира врз нашата економија. На дебата која што се одржа во Скопје за војната во Украина и последиците по Балканот беше констатирано дека во регионов има руско влијание, но и дека земјите треба да имаат постратешки пристап кон надворешно- политичките предизвици...

95 насто од нашинците во Украина се евакуирани. Во земјата остануваат оние кои решиле да не ја напуштат затоа што живеат со децении таму и во безбедни региони. Амбасадорот Ефремов вели – војната во Украина ќе предизвика енергетска криза, а ќе се одрази и врз македонската економија, пред сè во градежната индустрија.

Поранешната министерка за одбрана Шеќеринска смета дека влезот во Унијата е заглавен поради спорот со источниот сосед. Според неа, ниеден Бугарин кој се смета за јавна личност не изегол во јавност да каже дека на Северна Македонија треба да ѝ биде ставено вето. Таа смета дека ова е поттикнато од силното руско влијание во Бугарија.

Анита Д. Велковска