Обвинителство

Дисциплински постапки против обвинители

24.03.2022 17:43

Обвинителството соопшти дека првиот човек на институцијата, Љубомир Јовески донел решение, обвинителот времено да биде оддалечен од функцијата додека трае постапката против него.

Дисциплинска постапка против скопски обвинител кој не ги работел предметите кои му биле доверени. Обвинителството соопшти дека првиот човек на институцијата, Љубомир Јовески донел решение, обвинителот времено да биде оддалечен од функцијата додека трае постапката против него.

Оттаму велат дека при вонредниот надзор од Вишото јавно обвинителство е констатирано дека јавниот обвинител во значителен дел од предметите кои му се доделени во работа не ги презел неопходните дејствија, па кај едниот имало пролонгирање или застарувување.

Постапки има и против обвинител од Тетово, кој исто така е оддалечен од функцијата, како и за обвинители од Битола, Ресен и Охрид.