Сообраќај

МВР: 64 санкции за недавање првенство на минување

24.03.2022 18:19

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР...

Денеска во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои недаваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 64 возачи. Од нив, 19 на територијата на СВР Тетово, 14 на територија на СВР Битола, 11 на територијата на СВР Скопје...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел од МВР до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.