Формирана неформална коалиција „Платформа Зелена Македонија“

05.04.2014 21:55

По примерот на велешката Зелената коалиција, триесетина еколошки здруженија од Македонија ја формираа неформалната коалиција „Платформа Зелена Македонија“. Оваа платформа ги содржи десетте жешки еколошки точки за чие решавање екологистите нудат препораки, но бараат од политичките субјекти став како тие мислат да ги решат истите...

Од најжешкате еколошка точка во Македонија,  јаловината над  велешка Тополница, триесетина невладини еколошки здруженија  го објавија формирањето на Платформа  Зелена Македонија. Обединети  околу заедничките проблеми екологистите  таргетираа  десет еколошки жешки точки. За  нивно решавање имаат свои препораки , но сакаат да слушнат што по овие проблеми мислат политичките субјекти.

„Ќе побараме подршка од нив или нивни став по однос на жешките точки кои ние ги таргетиравме“, рече Ненад Коциќ, од Платформа Зелена Македонија.

Еколошката свест кај граѓаните е голема, животот во здрава животна средина не е желба,  тоа е потреба на која треба да работа сите па и  политичарите кои во наредниот период во име на подобро утре ќе го бараат гласот на народот.

„Всушност модерен политичар или како они сакаат да се нарекуваат зелен политичар е оној политичар кој најбрзо ќе реши една жешка еколошка точка“, рече Игор Смилев, Платформа Зелена Македонија.

„Ние не сме против изградба на хидроелектранидефинитивно свесни сме дека Македонија за неколку години треба да ги постигне тие критериуми за обновливи енергии меѓутоа ние ме против изградаба на такви капацитети кои што прават големи еколошки проблеми“, рече Бардул Марко, Платформа Зелена Македонија.

Посочените десет еколошки жешки точки на Платформа Зелена Македонија се идентични со оние на Министерството за животрна средина. Отука и оптимизмот дека дојдено е времето кога тие заеднички ќе почнат да се решаваат.

 

Дијана Иванова