Свет
Бајден: Русија треба да биде исклучена од Г-20 како одговор на војната во Украина
24.03.2022 20:00
Зборувајќи на самитот на Г7 во Брисел, Бајден кажа дека западните лидери денеска разговарале и за оваа тема, но не е познато дали сите 20 земји ќе се согласат на тоа.

Русија треба да биде исклучена од Групата 20 индустриски најразвиени земји и економии во светот поради нејзината воена агресија врз Украина, изјави денес американскиот претседател Џо Бајден.
Зборувајќи на самитот на Г7 во Брисел, Бајден кажа дека западните лидери денеска разговарале и за оваа тема, но не е познато дали сите 20 земји ќе се согласат на тоа.
Мојот одговор е да, рече американскиот претседател на прашањето дали Русија треба да биде исклучена од Г20, пренесуваат британските медиуми.
