Фудбал

Македонија ја победи Италија, ќе игра со Португалија за пласман на светското првенство

24.03.2022 22:58

Победата против актуелниот европски шампион во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“ ја донесе Александар Трајковски во 92 минута. Трајковски, кој е поранешен играч на Палермо, со прецизен удар од дистанца во судиското продолжение го совлада Донарума и донесе огромна радост...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја совлада Италија со 1-0 и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на светското првенство. Ќе игра против Португалија на 29-ти март.

Победата против актуелниот европски шампион во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“ ја донесе Александар Трајковски во 92 минута. Трајковски, кој е поранешен играч на Палермо, со прецизен удар од дистанца во судиското продолжение го совлада Донарума и донесе огромна радост на речиси 2.000 македонски навивачи во Палермо.

Италијанците играа офанзивно, а нивната најголема шанса за гол следуваше по половина час игра, откако Димитриевски му ја подари топката на Берарди, но со навремена интервенција го одбрани неговиот удар.

Македонската репрезентација е на чекор до историски пласман на светското првенство, а за тоа ќе биде потребна уште една победа на 29-ти март во Порто против Португалија.