Македонија ја прегази Грција
05.04.2014 21:57
Македонските ракометни јуниори остварија секогаш сладок и посакуван триумф против врсниците од Грција. 30-22 е конечниот резултат можеби клучен за освојување на првото место што гарантира учество на Европскиот шампионат во Австрија летово. Во ова време на ракометот кај нас и убава увертира пред јунските бараж пресметки на сенирите со Грција за пласман на Мундијалот во Катар 2015-та.

Фуриозни 25 минути со гранитна одбрана и експлозивен прецизен напад и одличен Ивановски на голот. Како што растеше жестината во играта така и констатно се зголемуваше предниоста на максимални 16-7 во 25-та минута. Можевме се да решиме уште по 30 минути ако не ја повторивме грешката на исланѓаните и им дозволивме серија на гостите од 4-0 во последните пет минути од првиот дел.
Затоа тргнавме во ист ритам и енергија во продолжението, за 8 минути зголемивме на максимални плус 10, 22-12 и ја најавивме драгоцената победа. Последниот очајнички обид за враќање во живот на грците траеше повторно 5 минути со иста серија како во финишот на првиот дел, и оттогаш на терен постоеше само една селекција.
Избраниците на Зоран Петковски додадоа гас, предводени од одличниот Филип Ивановски на голот кој одбрани 13 удари. Нашите младинци погодуваа од сите позиции и во високо темпо го дотолчеа грогираниот противник.
Филип Талевски беше повторно прв стрелец со 7 гола со голема подршка од Мартин Манасков кој погоди петпати. Утре во последната рунда еден бод против Исланд не носи и теоретски во Австрија на Европското првенство. Исланѓаните во првиот меч од денешната втора рунда во групата ја декласираа Италија со 31-21.