Свет

Земјотрес во Јапонија

25.03.2022 08:11

Според јапонската метеоролошка служба, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 50 километри во областа на префектурата Фукушима...

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во Тихиот Океан во близина на брегот на Јапонија.

Според јапонската метеоролошка служба, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 50 километри во областа на префектурата Фукушима.

Јапонските експерти процениле дека сеизмичката активност достигнала четири на скала од седум.