Македонија

Бесплатен јавен автобуски превоз за сите жени над 62 години и мажи над 64 години

25.03.2022 14:05

Од денеска, петок, но и во сабота, недела и во вторник, повторно ќе има бесплатен јавен автобуски превоз...

Од денеска, петок, но и во сабота, недела и во вторник, повторно ќе има бесплатен јавен автобуски превоз за сите жени над 62 години и мажи над 64 години, без оглед дали се со статус пензионер или не.

Според ЈСП, со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје. Бесплатно ќе се возат и средношколците и студентите од државните факултети.

Инаку, бесплатниот превоз беше укинат на почетокот на епидемијата со Ковид-19, а сега повторно се воведува и е во согласност со одлуката на советот на град Скопје.

Средствата за оваа намена се обезбедени од градскиот буџет засега од Комисијата за заразни болести не ја коментираат оваа одлука на градот.