Струмица

Струмичкиот бизнис сектор на средба со Битиќи

25.03.2022 15:00

Од следната недела ќе бидат оперативни неколку кредитни линии од Развојната банка наменети за стопанството, најави денеска од Струмица вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во висина од околу 46 милиони евра, најавувајќи дел од нив по остварената средба со голем дел од стопанствениците од регионот.

Бизнис секторот никако да застанат на нозе, ги затекна пандемска криза која се одрази со силно влијание врз стопанството, сега руско – украинската криза го зема приматот.

Стопанствениците од Струмица децидни дека се потешко се доаѓа до репроматеријали, а воениот конфликт има импликации како врз извозот така и увозот на целокупната трговска размена.

Бизнис секторот од Струмица денес седна на маса со заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи да ги изнесат проблемите со кои се соочуваат, а истовремено да се информираат и за можностите кои ги нуди државата со цел амортизирање на економската криза. Најави нови кредитни линии како и бенефициите кои ги нуди новиот пакет економски мерки.

Стојне Митева