Фудбал – Прва лига

06.04.2014 10:09

Ренова и Плеистер се во различна ситуација, но целта во 23-та меѓусебна пресметка им е иста, три бода. Екипата од Џепчиште четири кола е без победа и е под императив за успех затоа што се наоѓа на само бод над опасната зона. Пелистер пак, веќе две рунди е осамен лидер на прволигашката табела и во Тетово оди по втората сезонска победа против Ренова со којашто ќе потврди дека има тим за да ја донесе првата титула во Битола.

Ренова и Плеистер се во различна ситуација, но целта во 23-та меѓусебна пресметка им е иста, три бода. Екипата од Џепчиште четири кола е без победа и е под императив за успех затоа што се наоѓа на само бод над опасната зона. Пелистер пак, веќе две рунди е осамен лидер на прволигашката табела и во Тетово оди по втората сезонска победа против Ренова со којашто ќе потврди дека има тим за да ја донесе првата титула во Битола. На стартот на првенството, пелистерци на „Градскиот стдион“ во Тетово славеа со 2:1, но дома беа убедливо поразени со 4:0 откако мечот го завршија со девет фудбалери.

Битолчани се во одлична форма која се рефлектира со серијата од четири триумфи или пет меча без пораз, но на десете гостувања кај Ренова имаат само една победа, две нерешени и седум загубени меча.

Домашната екипа ќе биде ослабена затоа што најверојатно нема да настапи недоволно заздравениот капитен Фисник Нухиу, додека со сигурност мечот ќе го пропуштат првиот стрелец на екипата со девет гола Изаир Емини поради повреда, како и суспендираниот Арѓент Гафури. Единствен што не е во конкуренција кај Пелистер е повредениот Илир Елмазовски.

Преносот од „Градскиот стадион“ во Тетово ќе биде на МРТ1 во 15 часот.

Терминот на другите натпревари е 16 часот. Работнички по важни три бода во трката за титулата ќе гостува во Кичево кај речиси отпишаниот Напредок против којшто во последните пет мечеви има шест победи и едно реми. Интересен натпревар се очекува и во Ѓорче Петров. Шансите на Македонија за опстанок се мали, па домаќинот ќе нема право на грешка во дуелот со канидатот за трофејот Турново кој во првиот дуел сезонава триумфираше убедливо со 5:1. Пресметката на екипите коишто имаат по 11 нерешени ќе се одигра на „Железарница“. Амбициите на Металург се излез во Европа, а на Еуромилк да ја напушти зоната за испаѓање.

Прва лига - 26 коло

Ренова - Пелистер                 МРТ1 15.00

16 часот:

Напредок - Работнички

Македонија ЃП - Турново

Металург - Еуромилк

Вчера:

Гостивар - Вардар                 0:2

Шкендија - Брегалница        0:2

Табела:

1. Пелистер                47

2. Вардар                    45 (+1)

3. Работнички            44

4. Хоризонт               41

5. Металург                41

6. Шкендија               36 (+1)

7. Брегалница            36 (+1)

8. Ренова                    33

9. Еуромилк               32

10. Македонија ЃП    23

11. Напредок             14

12. Гостивар              14 (+1)