По две години грчките муштерии се враќаат во Битола
По укинувањето на ПЛФ формуларите од грчка страна кој беа неопходни во ковид пандемијата за излез од земјава од 15-ти месецов сообраќајот и протокот на возила и луѓе на граничниот премин Меџитлија се нормализира како од пред почетокот на пандемијата. Дневно на влез поминуваат околу 2.000 патници грчки државјани. Најголем дел од нив доаѓаат на битолските бензински пумпи, стоматолози, ресторани и зелените пазари. Битолските трговци задоволни по две годишната апстиненција на старите муштерии.

По цели две години отсутност грчките муштерии веќе помасовно се враќаат во Битола. Рампите на граничниот премин Меџитлија на влез и излез се почесто се подигаат.
На излез од земјава зголемувањето е помало во односот на влез кога од 15-ти месецов грчките власти ја укинаа потребата од оваа документација и некои други ковид мерки велат од полициската станица.
На моменти колоните со грчки возила се и долги. Многу мал дел одат на викенд во Охрид на останатите прва дестинација им се бензиските пумпи велат кај нас литар бензин е 2.15 евра. Потоа следуваат другите познати дестинации.
Засега најмногу доаѓаат во петоците и саботите. Битолските стоматолози, сопственици на ресторани и пазарџии велат се чувствува економскиот бенефит.
Секој нов промет во економска криза е добредојден. Се надеваат дека годинава ќе дојдат и иселениците. Доколку епидемиолошката состојба остане ваква од граничниот премин Меџитлија очекуваат во летните месеци дневно на влез и излез да поминуваат околу 6 000 патници.
Стевче Митревски
