Фудбал

Португалија е следниот предизвик

25.03.2022 15:19

По победата над Италија,во вторник македонската репрезентација ќе гостува во Порто кај Португалија која во првиот сегмент од плеј-офот беше подобра од Турција...

По победата над Италија,во вторник македонската репрезентација ќе гостува во Порто кај Португалија која во првиот сегмент од плеј-офот беше подобра од Турција.

Нa крајот убедливо со 3-1 португалците славеа против Турција иако можеше да биде поинаку ако на 5 минути до крајот Јилмаз го реализираше пеналот за Турција.Со голот на Отавио во 15-тата минута Португалија го отвори резултатот ,а до крајот на првото полувреме Жота зголеми на 2-0.Турција се врати во игра во 65-тата минута со голот на Јилмаз,доколку погодеше и во 85-тата минута натпреварот можеше да добие поинаков тек,но на истекот на судиското продолжение Нуњез само ја потврди победата на Португалија за која следен предизвик ќе биде македонската селекција.Во следниот сегмент е и селекцијата на Шведска која мораше да одигра продолженија против Чешка за во 110-тата минута со голот на Куаисон да обезбеди дуел со Полска на 29-ти месецов откако полјаците по суспензијата на Русија без борба минаа низ првиот филтер.

Со одличната игра на Бејл Велс ја победи Австрија со 2-1 и во јуни ќе игра со подобриот од натпреварот Шкотска –Украина што засега е одложен.До 51-та минута со двата гола на Бејл, Велс водеше со 2-0 ,Сабицер во 64-тата ја врати Австрија во игра, но не и за евентуален пресврт.