Кошарка

Ефикасна вечер во НБА

25.03.2022 15:22

Славеа гостите екиата на Феникс со 140-130 предводена од Букер кој постигна 49 поени на кои додаде 10 асистенции за 6-та полседовна победа на санси и потврда на веќе обезбеденото место во плеј-офот со 59 победи и 14 порази...

270 поени продуцира дерби дуелот меѓу лидерот на западната конференција Феникс и 6-то пласираниот Денвер. Славеа гостите екиата на Феникс со 140-130 предводена од Букер кој постигна 49 поени на кои додаде 10 асистенции за 6-та полседовна победа на санси и потврда на веќе обезбеденото место во плеј-офот со 59 победи и 14 порази.

Во составот на Денвер стандардно Јокиќ најдобар со 28 поени и по 6 скока и асистенции ,но недоволно за триумф.Со победата над Индијана со 133-103 Мемфис и дефинитивно обезбеди плеј-оф,по два пораза Милвоки го совлада Вашингтон со 114-102 и е на победа до заверка на пласманот во  плеј-офот,а предноста на домашниот терен ја искористија и екипите на Торонто со победата над Кливленд со 117-104 и Њу Орлеанд кој го совлада Чикаго со 126-109.