МОН: Објавен конкурс за издавање на учебници за основно образование
Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.
Министерството за образование и наука информира дека во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во основното образование, денес од страна на Педагошката служба е објавен конкурс за издавање на учебници по предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование за кои се изработени нови наставни програми.
Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование.
Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 11.05.2022 година.
