Снабудвање со природен гас

Бугарија не открива дали ќе го продолжи договорот со „Гаспром“ од кој зависи и снабдувањето на земјава

25.03.2022 16:29

Бугарија не открива дали ќе го продолжи договорот со руски „Гаспром“ од кој зависи и снабдувањето на земјава. Министерот за енергетика Николов уверува дека земјава ќе биде снабдена со овој енергенс. За поголема безбедност при снабдување со природен гас ќе се ревидира постојната студија за интерконекторот Петрич- Струмица. Целта е да се намали зависноста од рускиот гас, вели министерот Бектеши...

За поголема безбедност за снабдување со природен гас ќе се ревидира постоечката студија за интерконекторот Петрич-Струмица. Целта е да се намали зависноста од рускиот гас, вели министерот Бектеши. На средбата со бугарскиот колега Николов договориле да се интензивира интегрирањето на пазарите на електрична енергија и природен гас во регионот и Западен Балкан.

„Имајќи ги предвид последните случувања, посебно од инвацијата на Русија во Украина, се договоривме Булгар Транс Гас да разговара за  зголемување на капацитетите и на постоечкиот гасовод, но дополнително на тоа да се разгледа можноста конкретна во делот на резервирање на капацитети на Северна Македонија во складиштата кои се на територијата на Република Бугарија“, изјави министерот за економсија, Крешник Бектеши.

Бугарскиот министер за енергетика не открива дали ќе го продолжи договорот со руски „Гаспром“  од кој зависи и снабдувањето на земјава. Уверува дека државава ќе има од овој енергенс. Во тешки времиња се гледаат  вистинските  пријатели, вели Николов.

„Ако природниот гас биде доставен до Бугарија, природно е дека ќе гарантираме снабдување и за Република Македонија и за соседните држави. Тука се вклучува секако Република Северна Македонија, а ако се водат преговори за течен гас и ако се дискутира целосната промена на картата и долгорочно минимизирање на независноста од Русија, секако дека ќе биде прифатен нов регионален приод“, рече Александар Николов, министер за енергетика на Бугарија.

Подготвени сме да ги споделиме интерсите, имаме предизвици  во зголемување на енергетските капацитетите и пазарите - ендогласни се министрите но сепак не се оградуваат од потребата да се бараат алтернативни начини за снабдување со природен гас, за да се минимизира зависноста од Русија.

 

Сунчица Николоска