Авиони и бродови трагаат по сигналот од црната кутија на малезискиот авион

06.04.2014 10:41

Авиони и бродови вклучени во меѓународната потрага по исчезнатиот авион на компанијата „Малезијан ерлајнс“ се упатија кон подрачјето каде кинески брод во изминатите два дена детектираше сигнали, кои би можеле да бидат од локаторот кој го емитува црната кутија од леталото, соопштија денеска австралиските власти.
 
Денеска авиони на Австралиските кралски воздухопловни сили ќе се приклучат како помош во понатамошното испитување на акустичните сигнали во близина каде кинески брод ги детектираше звуците. Бродот Ехо и пловилата на Австралискиот океански одбранбен штит, исто така се упатија за да се придружат на „Хаиксун 01“ што е можно побрзо за да помогнат во детекцијата, изјави шефот на Координативниот центар за заедничка акција Ангус Хјустон, пренесува Танјуг.
 
Сепак Хјустон дополни дека не е потврдено дека електронските импулси припаѓаат на исчезнатиот авион.
 
Кинеската новинска агенција Синхуа синоќа соопшти дека патролниот брод „Хаиксун 01“ во јужниот дел на Индискиот Океан открил „пулсен сигнал од 37,5 килохерци, што е иста фрекфенција која ја емитуваат уредите кои снимаат податоци од летот на авионот во кокпитот.