Воен конфликт

Киев: Преговорите со Москва се многу тешки

25.03.2022 18:11

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека „процесот на преговори е многу тежок“.

Украина денеска соопшти дека преговорите со Русија се „многу тешки“ и вети дека нема да отстапи од барањата. 

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека „процесот на преговори е многу тежок“.

Украинската делегација зазеде цврст став и не отстапува од своите барања. Ние инсистираме, пред сè, на прекин на огнот, безбедносни гаранции и територијален интегритет на Украина, истакна Кулеба.