Уште 90 минути до Катар

Фудбалерите пречекани на плоштад, Португалија е следниот предизвик

25.03.2022 19:51

Македонските фудбалски репрезентативци се вратија дома откако во Палермо го поразија актуелниот европски шампион, домаќинот Италија. На чекор се до светското првенство во Катар. Последна пречка е Португалија на Кристијано Роналдо. Поради ковид-протоколите на УЕФА, само неколкумина од фудбалерите ги поздравија навивачите кои беа на плоштадот...

Дамјан Николовски ги следеше за време на нивното доаѓање од аеродромот до дочекот на плоштадот „Македонија“.