Вардар и Пелистер во битка за титулата
Натпреварот е закажан за в сабота од 17 часот во СЦ Јане Сандански, а ќе биде пренесуван и на Mакедонската телевизија.И ако актерите се едногласни дека првенството е долго и дека утрешниот натпревар нема да го реши шампионот ,сепак фактите велат поинаку...

Второто коло од плеј-офот во машката ракометна супер лига го носи супер дербито меѓу во моментов двете најдобри македонски екипи Вардар и Еурофарм Пелистер. Натпреварот е закажан за в сабота од 17 часот во СЦ Јане Сандански ,а ќе биде пренесуван и на Mакедонската телевизија.Иако актерите се едногласни дека првенството е долго и дека утрешниот натпревар нема да го реши шампионот ,сепак фактите велат поинаку.
По подобриот меѓусебен биланс во регуларниот дел од сезоната Вардар во плеј-офот влезе со предност од 1 бод во однос на битолчани и доколку слави на домашен терен ќе направи недостижна предност,секако под претпоставка да не загуби од некој од другите учесници во плеј-офот до крајот на шампионатот.
Ракометарите на Пелистер се свесни за предизвикот и ќе сторат се по 16 години да ја вратат титулата во Битола,иако ќе биде исклучително тешко да се слави во салата на двојниот европски шампион и пред многубројната публика за која влезот ќе биде слободен.За сите крај малите екрани преносот е на МТВ.
