Карванот за вакцинација против Ковид-19 денеска во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9.197.

Карванот за вакцинација против Ковид-19 денеска продолжува во Скопје пред „Ист Гејт Мол“ од 11 до 15 часот. Има цел да ја промовира вакцината против коронавирусот како начин на сигурна имунизација на сите граѓани, особено на оние места низ земјава каде е ниско нивото на заинтересираност.
Бројот на активни ковид-случаи во земјава последниве седмици се движи околу две илјади. Согласно вчерашните податоци на Министерството за здравство, изнесува 1.972. Најголем број активни случаи има во Скопје – 1.121, Битола – 156, додека останатите градови имаат двоцифрен број на позитивни случаи. Во Дојран во моментов нема лица позитивни на вирусот.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9.197.
Според надлежните, имунизацијата е единствен излез од пандемијата. Организираниот карван за вакцинација против Ковид-19 до завршувањето треба да помине уште низ осум локални заедници низ државата.
