Веле Смилевски - нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија
06.04.2014 11:30
Четиригодишниот претседателски мандат на Смилевски со гласање го поддржаа 86 отсто од учесниците во работата на највисокиот собир на ДПМ...

Писателот и универзитетски професор Веле Смилевски е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија, изгласан вчера на Изборното собрание на писателската асоцијација.
Четиригодишниот претседателски мандат на Смилевски со гласање го поддржаа 86 отсто од учесниците во работата на највисокиот собир на ДПМ.
За нов претседател на Собранието на Друштвото е избран писателот Раде Силјан, кој досега ја извршуваше функцијата претседател.
Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, беше избрано и Претседателство од девет члена, како и Собраниски одбор во кој влегоа по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на писателската асоцијација.
