Авиосообраќај
Стартува редовната авиолинија Софија- Скопје
26.03.2022 09:58
Авионот е со капацитет да превезе 70 патници. Новата линија меѓу македонскиот и бугарскиот главен град функционира двапати неделно...
Утрово пристигна првиот комерцијален лет на „Гуливер“ од Софија до Скопје. Со ова е означен официјалниот почеток на работењето на авиокомпанијата на македонскиот пазар.
Авионот е со капацитет да превезе 70 патници. Новата линија меѓу македонскиот и бугарскиот главен град функционира двапати неделно, секоја сабота и понеделник, и од Скопје за Софија и обратно се стига за половина час.
