Економија

Се нормализира производството на масло за јадење

26.03.2022 15:28

Од наредната недела ќе стартува увозот на пченица и останати суровини од Србија, а забраната за извоз на стратешките прехранбени производи продолжува до 15-ти април. Најголемиот производител на масло за јадење во државата гарантира редовно снабдување во наредните три месеци. Владата планира договорно производство на дел од земјоделските производи…

Со тргањето на забраната за извоз на растително масло од страна на Србија, ќе се нормализира снабдувањето на маркетите со масло за јадење. Од управата на најголемиот производител на рафинирано масло во државата велат дека репроматеријали имаат за три месеци, а недостигот на овој производ бил резултат на усогласување на цената со антикризните мерки.

За да се избегнат ценовните шокови, владата ја продолжува забраната за извоз на пченица, јачмен, пченка,брашно и сончогледово семе до 15-ти април. Површините под сончоглед ќе се зголемат и ќе се практикува договорно производство за стратешките земјоделски култури

Министерот Николовски најави дека од наредната недела треба да почне увозот на пченица и на останатите суровини, кои македонските компании ги имаат договорено со партнерите од Србија.

Славица Величковска