Ракомет

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во „Јане Сандански“

26.03.2022 19:31

Гостинот од Битола одигра солидно во првото полувреме во кое Вардар за момент поведе со 8:7 но на полувреме гостите заминаа со предност од еден разлика.

Еурофарм Пелистер е нов лидер во домашното првенство откако славеше на гостувањето кај Вардар со 24:23 во дербито од суперлигашкиот плеј-оф.

Гостинот од Битола одигра солидно во првото полувреме во кое Вардар за момент поведе со 8:7 но на полувреме гостите заминаа со предност од еден разлика.

Во вториот дел тенизјата на теренот продолжи, Еурофарм Пелистер успеваше да ја одржува минималната предност а пред крајот дојде и на плус четири.

Табоада беше најефикасен кај победникот со шест голови, пет постигна Мандалиниќ. За Вардар, се издвоија Дибиров со шест гола и Моралес со пет погодоци.