Македонија со подготовки за гостувањето кај Португалија

26.03.2022 19:33

Милевски на располагање ги имаше сите фудбалери, Адеми нема проблеми со малата повреда која ја заработи на гостувањето кај Италија.

Македонската фудбалска репрезентација го одработи последниот тренинг во Скопје, пред утрешното заминување за Порто, за дуелот од финалето во плеј-офот за пласман на СП во Катар.

Милевски на располагање ги имаше сите фудбалери, Адеми нема проблеми со малата повреда која ја заработи на гостувањето кај Италија.

„Емоциите полека стивнуваат, сега следува дуелот со Португалија и ќе дадеме се од себе да ја израдуваме нацијата. Убеден сум дека можеме многу.“ – изјави нашиот репрезентативец, Стефан Ашковски.

Натпреварот Португалија – Македонија е закажан за во вторник од 20:45 на „Драгао“.