Македонија две години земја- членка на НАТО
Станавме полноправна земја-членка на НАТО во време на пандемија, две години подоцна, живееме во време на геополитичка нестабилност и воена криза, предизвикана од руската агрсија врз Украина. Навршија точно две години од нашето членството во најмоќниот воено-политички сојуз...

Станавме полноправна земја-членка на НАТО во време на пандемија, две години подоцна, живееме во време на геополитичка нестабилност и воена криза, предизвикана од руската агрсија врз Украина. Навршија точно две години од нашето членството во најмоќниот воено-политички сојуз, кога амбасадорката Вилма Петковска во Вашингтон, на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер му го предаде оригиналниот документ за ратификација на протоколот.
Три дена подоцна, на 30-ти март, македонското знаме се крена пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи и официјалното пристапување на земјава во алијансата.
Македонската држава во НАТО важи за кредибилен и доверлив сојузник. „Денешниот датум е во редот на најважните од незавизноста на државата, ден кога ја заокруживме нашата стратешка цел. Заедно сме посилни“, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
