Петровска: Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата

27.03.2022 09:48

Министеркатра за одбрана Славјанка Петровска утрово на својот фејсбук профил објави дека денешниот датум, 27 март, е во редот на најважните од независноста на државата...

Министеркатра за одбрана Славјанка Петровска утрово на својот фејсбук профил објави дека денешниот датум, 27 март, е во редот на најважните од независноста на државата зашто земјава пред две години на овој ден стана полноправна членка на НАТО.

Република Северна Македонија две години членка на НАТО. Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата, ден кога ја заокруживме стратешката цел – членство во најмоќниот воено политички сојуз. Заедно сме посилни, напиша министерката Петровска.

Македонија пред две години стана триесетта земја-членка на НАТО. По повод две години од членството на НАТО, зградата на МНР синоќа беше осветлена во боите на Алијансата.