Кошарка

Бруклин славеше во Мајами и го симна од врвот на истокот

28.03.2022 07:52

Во НБА лигата Мајами продолжува со лошата серија, четвртиот пораз во низа од Бруклин и тоа на свој паркет 110:95 придонесе за губење на водечкото место на истокот...

Во НБА лигата Мајами продолжува со лошата серија, четвртиот пораз во низа од Бруклин и тоа на свој паркет 110:95 придонесе за губење на водечкото место на истокот. Кевин Дурант со 23 поени најефикасен кај победникот, додека кај домашните главната ѕвезда Џими Батлер потфрли, постигна само 7 поени. По поразот на Мајами, Филаделфија е нов лидер во Источната конференција, иако паузираше минатата ноќ.

Второто дерби во Мемфис и припадна на домашната екипа, која и без најдобриот играч Џа Морант убедливо го совлада Милвоки со 127:102. Најефикасен резервистот Мелтон со 24 поени, за тимот кој има втор најдобар ефект во лигата, зад Феникс. Чикаго славеше во Кливленд 98:94 во директен дуел за место меѓу првите 6 екипи, предводен од Зек Левин со 25 поени.

Драма во Торонто, но не на паркетот, туку поради пожар во салата што придонесе за евакуација на гледачите и пауза од 70 минути. Домашните беа надмоќни со 131:91 против Индијана, предводен од Сиакам со 23 поени. Во другите 4 мечеви, домашна победа за Денвер и гостински за Сан Антонио, Сакраменто и Хјустон.