Јункер: На ЕУ и е потребна „пауза во проширувањето“
06.04.2014 11:51
На вчерашниот конгрес на германската Христијанско-демократска унија на канцеларот Ангела Меркел, Јункер оцени дека на Унијата и е потребна пауза во проширувањето со нови земји членки, јави Дојче веле...

На земјите од Балканот им е потребна перспектива за членство во Европската унија, но ЕУ би морала побавно да презема чекори, изјави поранешниот премиер на Луксембург и кандидат на европските десноцентристички партии за претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер.
На вчерашниот конгрес на германската Христијанско-демократска унија на канцеларот Ангела Меркел, Јункер оцени дека на Унијата и е потребна пауза во проширувањето со нови земји членки, јави Дојче веле.
Истовремено, тој ја опомена Турција дека кандидатите за пристап морале да ги исполнат условите за прием. За тоа би морало „не да се забранува Твитер, туку да се допуштат слободи и демократија. Тоа Турција не го прави во моментов“, предупреди Јункер.
Претходно и новоизбраниот генерален секретар на ЦДУ, Петер Таубер, зазема јасна позиција за пристапот на Турција во ЕУ. Последните недели, со тоа што владата во Анкара воведе цензура на интернетот, како што оцени Таубер, јасно покажалe дека во моментов Турција не припаѓа во Европската унија. Ваквите зборови на Таубер беа проследени со силен аплауз од делегатите, пренесува Дојче веле.
