„КОДА“ го доби „Оскарот“ за најдобар филм
Доделени оскарите за најдобри филмски остварувања. Со оскар најдобар режисер се закити Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“. За најдобра актерка оскарот го понесе Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на Теми Феј.“ За најдобар актер прогласен Вил Смит за „Кралот Ричард“.

Филмот „КОДА“, каде што глумат неколку лица со оштетен слух, е филмот на годината на годинашното доделување на „Оскарите“. Доделени оскарите за најдобри филмски остварувања. Со оскар најдобар режисер се закити Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“. За најдобра актерка оскарот го понесе Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на Теми Феј.“ За најдобар актер прогласен Вил Смит за „Кралот Ричард“.
За време на доделувањето на оскарот, актерот Вил Смит на сцената го удри водителот Крис Рок. Иако сите прво мислеа дека се работи за сценарио, подоцна сфатиле дека не е режирана сцена, според реакциите на двајцата актери. Причина шегата на водителот за физичкиот изглед на сопругата на Смит. Подоцна водителот се извини. Актерот Семјуел Л. Џексон е овогодишен добитник на почесниот оскар за животно дело.
Церемонијата на доделување оскар беше во името на Украина: момент молк и барање помош за жртвите.
