Талат Џафери на Конференција на спикери на парламенти на ЕУ во Брдо кај Крањ
Конференцијата е во организација на Националното собрание на Република Словенија, а во рамките на словенечкото претседателство со Советот на унијата на која се поканети претседателите на парламентите на земјите членки на Унијата, на земјите кандидати и партнери на Европскиот парламент.

Претседателот на собранието Талат Џафери денеска и утре учествува на Конференцијата на спикери на парламенти на Европската унија во Брдо кај Крањ. Конференцијата е во организација на Националното собрание на Република Словенија, а во рамките на словенечкото претседателство со Советот на унијата на која се поканети претседателите на парламентите на земјите членки на Унијата, на земјите кандидати и партнери на Европскиот парламент.
Дискусијата е поделена во два панела за улогата на парламентите во спроведувањето на политиките на вонредна состојба и начините за градење отпорност и заштита на демократското владеење, како и за улогата на Европската унија како гарант на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и поширокото соседство.
На маргините на конференцијата, претседателот Џафери ќе оствари билатерални средби со потпретседателката на Националното собрание на француската република Сен-Пол, претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев и со претседателот на Националното собрание на Република Словенија Игор Зорчич.
