Македонија
Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата
28.03.2022 12:22
Според МНР, дипломатите извршувале активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и тие ќе треба да напуштат територијата на државава во рок од пет дена.

Македонското Министерство за надворешни работи прогласи петмина руски дипломати за персона нон грата.
Според МНР, дипломатите извршувале активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и тие ќе треба да напуштат територијата на државава во рок од пет дена.
Нотата за непожелните дипломати му е врачена денеска во Министерството на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.
