Анкета на „Павел Шатев“: Иванов со убедливо водство

06.04.2014 13:20

На 4-те поставени прашања во анкетата направена од институтот „Павел Шатев“ по дебатата на МРТ, претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов убедливо има поголема подршка, се вели во анкетата на „Павел Шатев“...

Оценувајќи ја дебатата во целост, 52,8% сметаат дека Иванов е победник по соочувањето на четворицата претседателски кандидати на јавниот сервис. Според 15,2% победник е Стево Пендаровски. На  третата позиција е Зоран Поповски со 9,6%, а на четвртата е Илјаз Халими со 8,9%.

За ставовите околу разговорите за името, соодносот во поддршката за претседателските  кандидати е речиси идентичен. 54,3% ја одобруваат позицијата на Иванов. 16,5% на Пендаровски. За Поповски поддршката е 10,3%, а за Халими 5,7%.

Најголемата разлика меѓу претседателските кандидати, според анкетата произлегува околу економските политики.

За Иванов поддршка од 60,2%, за Пендаровски се определиле 11,4%. Само за ова прашање Халими има минимална, но поголема подршка од Поповски. За Халими определени 9,5% за   економијата, а за Поповски- 9,2%.

Последното од четирите прашања во телефонската анкета на „Павел Шатев“ се однесува на  ставовите околу надворешната политика и безбедноста. И за овој дел од дебатата, Иванов добил најголема поддршка. За него се определиле 50,3%, за Пендаровски 18,2%, за Поповски  7,7%, а за Халими 6,5%.

Анкетата на институтот „Павел Шатев“ е направена на барање на порталот „Република“ веднаш по завршувањето на дебатата на јавниот сервис.

Анкетирани се 507 испитаници од 6-те изборни единици. Можната статистичка грешка при мерењето е + - 4,35%.

 

Виолета Димовска