Пожари

Голем број пожари на отворено, авионите за гаснење сè уште не се во функција

28.03.2022 15:02

Најчест виновник, според надлежните се несовесните граѓани кои палат пасишта и стрништа иако тоа не е законски..

Невообичаено голем број на пожари на отворено. Од почетокот на март до сега 140. Пеплосана стара борова шума, листопадни дрвја, но и овоштарници во ресенско. Најчест виновник, според надлежните се несовесните граѓани кои палат пасишта и стрништа иако тоа не е законски. Од ЦУК информираат дека државата располага со 2 функционални армиски и е еден полициски хелихоптер за гаснење на пожари. Трите авиони за гаснење сè уште не се во функција, постапката за сервисирање сè уште во тек.

Лани летото огнената стихија направила штета од 38,5 милиони евра, потврдуваат од Центарот за управување со кризи и додаваат дека еколошката штета е далеку поголема. За опасната карпа што надвисува над кањонот Матка, од ЦУК велат дека засега нема опасност, но сепак се преземаат мерки за заштита. Како можни решенија се разгледуваат можностите – да биде прицврстена или контролирано да се урне.

Анита Д. Велковска