Изложба „Од Алинари до мајсторите на современа фотографија“ во Чифте амам
Збирката на фотографии во сопственост на Архивот Алинари сега го краси изложбениот простор на Чифте амам, фотографиите ги отсликуваат убавините на Италија, а изложбата носи наслов „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“.

Соработката помеѓу Амбасадата на Италија во Северна Македонија и Националната галерија со објектот Чифте амам, резултираше со изложба токму во Чифте амам.
Збирката на фотографии во сопственост на Архивот Алинари сега го краси изложбениот простор на Чифте амам, фотографиите ги отсликуваат убавините на Италија, а изложбата носи наслов „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“.
Фотографиите се дела на објективите на италијанските фотографи браќата Алинари, потоа на Барбиери, Басилико, Беренго Гардин, Фонтана, Џакомели, Мараини, Пелегрин и Ѕание, а изложбата е еден вид на времеплов на пејзажите, луѓето и уметноста на Италија работени во периодот од крајот на 19 и почетокот на 20-от век.
