Македонија

МВР: 169 санкции за непрописно престигнување

28.03.2022 15:54

Од нив, по 46 на територијата на СВР Охрид и СВР Тетово, 19 на територија на СВР Куманово, 16 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Велес...

Денеска  во периодот од 7 до 12 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, при што санкционирани се 169 возачи.

Од нив, по 46 на територијата на СВР Охрид и СВР Тетово, 19 на територија на СВР Куманово, 16 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Велес...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел од МВР до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.