Македонија

Евроамбасадорот Гир во посета на општина Тетово

28.03.2022 16:47

Националноста и верската припадност се лични податоци и истите не треба да ги има во личните карти. Таква е регулативата на Европската унија, а Македонија како земја аспирант на оваа заедница треба тоа да го почитува, рече евроамбасадорот Дејвид Гир...

Националноста и верската припадност се лични податоци и истите не треба да ги има во личните карти. Таква е регулативата на Европската унија, а Македонија како земја аспирант на оваа заедница треба тоа да го почитува, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами кој денес му беше домаќин на Гир, рече дека само за ова прашање не се согласиле со евроамбасадорот. Како претседател на БЕСА го покренав ова прашање и тоа останува отворено, додаде Касами.

На средбата, евроамбасадорот  Гир и градоначалникот Касами разговарале за три клучни проекти. Првиот е подобрување на животната средина, преку проекти за повеќе зеленило, пречистителни станици, изградба на енергетско ефикасни фасади на 14 објекти во градот.Вториот е насочен кон младите, преку стекнување на вештини и стручно образование да станат поатрактивни на пазарот на трудот. И третиот проект  е за дигитализација на општинските услуги.

Гир и Касами исто така разговарале и за што поскорото отпочнување на преговори со ЕУ и влез во европското семејство, заклучувајќи дека ЕУ е важна за сигурноста, просперитетот и развојот на државата.