Фудбал

По 36 години Канада повторно на светско

28.03.2022 15:54

Победата на Канада и ја донесоа Ларин, Бјукенон, Холјет и Маријапа кој постигна автогол, по што Канада е на првото место во квалификациите во северна и централна Америка со 28 бода, три повеќе од селекцијата на Соединетите Американски Држави...

Фудбалската репрезентација на Канада со убедливи 4-0 ја совлада Јамајка во КОНКАКАФ квалификациите и по 36 години од настапот во Мексико 1986-тата обезбеди второ учество на собирите на најдобрите фудбалски селекции во светот.

Победата на Канада и ја донесоа Ларин, Бјукенон, Холјет и Маријапа кој постигна автогол, по што Канада е на првото место во квалификациите во северна и централна Америка со 28 бода, три повеќе од селекцијата на Соединетите Американски Држави кои славеа против Панама со 5-1 и пред Мексико кој беше подобар од Хондурас со 1-0.Костарика го победи Ел Салвадор на гости со 2-1 и со 22 бода е на 4-тото место кое води во дополнителните квалификации, односно во плеј-офот.

Трите најдобропласирани селекции обезбедуваат директен настап на мундијалот. Во последното коло Канада ќе гостува во Панама, Костарика му е домаќин на САД, Мексико ќе игра со Ел Салвадор, а Јамајка дома против Хондурас.