Груевски се обврза да создаде 64.000 работни места во следниот мандат

06.04.2014 13:59

Груевски одржа говор за паметење, а митингот во Сскопје е најмасовен досега. Го проследија близу 90 илјади граѓани...

Одиме на голема победа, на триумф на делата – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера од централниот митинг во Скопје, на кој беше промовирана програмата на партијата. Груевски од митингот најави нова странска инвестиција во Скопје, италијанскиот гигант „Диатек“, препознатлив бренд во печатарската индустрија кој во Скопје ќе отвори 200 нови работни места.

Борба продолжува, рече Груевски, а целите остануваат исти. Се зафативме со битката, и невработеноста од 38 ја намаливме за 10% проценти. Се обврзувам во следниот мандат, мојот тим да создаде 64 илјади работни места со што невработеноста ќе се намали за 6%.

„Имаме прецизна агенда за отварање на овие 64.000 работни места“, нагласи Груевски.

Партиската програма е распослана на 390 страници. 2046 проекти срочени под наслов „Проверено“ е формулата со која ВМРО ДПМНЕ ќе трча за нов мандат. Во фокусот на програмата е економјата.

Еднократен отпис на долговите за струја, парно, радиодифиузна такса, банкарски минуси. На корисниците на социјална помош, или на луѓето кои подолго од една година бараат работа, државата ќе им ги плати сметките. Ова е новиот проект на коалцијата „За подобра Македонија“.

Сметките ќе бидат подмирени, рече Груевски, така што владата до септември ќе ги намали даноците за фирмите на кои граѓаните им должат. така двете страни ќе бидат задоволни.

Намалување на ДДВ од 18% на 5% за сточната храна, за добитокот, бебешки производи, училишен прибор. Ќе се намалуваат каматите за проектот купи куќа купи стан. Груевски вети зголемујвање на пензиите, социјалната помош, платата на администрацијата за 5 проценти годишно или 21,5 % во наредните четири години.

Ќе се отворат 30 нови фабрики, а со 600 милиони евра ќе се помагаат земјоделците. Груевски рече дека намалите и средни претпријатија ќе им бидат достапни 100 милиони евра кредити со субвенционирани камати.

Во делот на инфраструктурното зајакнување, ќе се гради пруга и експресен пат од 4 ленти за Бугарија, започнатите автопатски делници ќе се завршат, а ќе се реконструираат и постојните регионални патишта.

Програмата предвидува и обновување на железнички парк како и стабилно водоснабдување за сите општини. Ќе се отворат и обноват  9 рудници, а  во Валандово ќе се изградат две фабрики за бакар.

Казните ќе се нивелираат според платежната моќ на фирмите. Груевски од бината во Скопје најави масовна дигитализација на катасарските документи. 660 станови за лица од ранливите категории. Жичара од средно водно до Капиштец. Нови енергетски конекции кон Србија и Албанија, и гасификација на Македонија.

Од 2015 ќе се спроведува бесплатен туристички викенд за пензионерите на планините и покрај езерата во македонија. Студентите секој четврток бесплатно ќе се возат во градските автобуси, жичницата и возовите, и бесплатно ќе одат во кино и театар. Програмата содржи и дисперзирани паралелки на спортската академија. училишниот спорт ќе се подобрува со професионални тренери.

Со нови лекови ќе се зајакнува позитивната листа. Учениците ќе добијат интерактивни табли и 300.000 таблет компјутери. А студентите стипендии ако се запишат на некој од 100-те најдобри универзитети во светот. груевски најави реновирање на болниците и нов модерен клинички центар.

Груевски се обрати до неопределените. Рече дека ќе се бори за секој глас, за неговата коалиција да освои 62 пратенички места, за да не мора државата да биде, како што рече, уценувана од ДУИ.  За Македонија да не биде двојазична и поделена земја...

Груевски одржа говор за паметење, а митингот во Сскопје е најмасовен досега. Го проследија близу 90 илјади граѓани.


Анита Димитријевска