Фудбал

Младите утре против Фарски Острови

28.03.2022 15:56

Селекцијата на Фарските острови е следниот предизвик за нашите млади фудбалери кои поразот од Србија со 2-1 ги сведоа на теорија шансите за освојување на второто место во групата...

Селекцијата на Фарските острови е следниот предизвик за нашите млади фудбалери кои поразот од Србија со 2-1 ги сведоа на теорија шансите за освојување на второто место во групата кое води во бараж сегментот за пласман на европскиот шампионат што во јуни идната година ќе биде одржан во Романија и Грузија.

Во групата во која Франција е убедлив фаворит и води со 19 бода по 7 натпревари, неизвесна е судбината на украинската репрезентација кој е втора со 13 бода од 6 средби што отвори евентуална можност за српската, македонската и селекцијата на Фарски острови да се надеваат на второто место што води во плеј-офот.

Засега во најповолна позиција е Србија која собра 8 бода додека македонската и селекцијата на Фарските острови се на 4-тото односно 5-тото место со по 6 бода од 7 средби.

До крајот на квалификациите покрај утрешниот натпревар против Фарски острови што ќе можеме да го следиме на МРТ 3 од 18 часот за македонската репрезентација ќе останат уште јунските дуели против Ерменија на домашен терен на 2 јуни и гостувањето во Украина 5 дена подоцна.