Македонија

Да се продолжи важноста на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените, бара Омбудсманот

28.03.2022 17:32

На средба со надлежните органи Омбудсманот информирал за претставки за неспроведувањето на законот и побарал поголема посветеност за решавање на проблемите.

Народниот правобранител со предлог до Владата да се продолжи важноста на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените.

На средба со надлежните органи Омбудсманот информирал за претставки за неспроведувањето на законот и побарал поголема посветеност за решавање на проблемите.

Тој укажал на низа слабости. Според него, потребно е да се засилат теренските активности за пронаоѓање на лицата кои се пријавиле на јавниот повик и истите да се информираат за правата кои законот им ги признава доколку поднесат барање за упис во посебната матична книга на родените, соопштија од канцеларијата на Народниот правобранител.