Евроинтеграции

Шолц: Пристапни преговори со Скопје и Тирана што е можно поскоро

28.03.2022 18:26

Разговорите за пристапување на Албанија и Македонија во Европската Унија треба да почнат што е можно поскоро бидејќи секое одложување ќе го направи Западен Балкан ранлив на надворешно влијание...

Разговорите за пристапување на Албанија и Македонија во Европската Унија треба да почнат што е можно поскоро бидејќи секое одложување ќе го направи Западен Балкан ранлив на надворешно влијание, изјави денес германскиот канцелар Олаф Шолц.

И за Германија и за Шведска е јасно дека ЕУ мора да продолжи со институционалните реформи за да се направи способна за проширување, рече Шолц на прес-конференцијата по средбата со шведската премиерка Магдалена Андерсон.