Образование

МОН ја унапредува соработката со Косово

28.03.2022 16:11

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес имаше работна средба со претставници на косовски образовни институции...

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес имаше работна средба со претставници на косовски образовни институции, на која беше договорена размената на искуства и поддршка во процесите за унапредување на образовните системи.

Делегацијата од Косово бепе предводена од Ментор Сахити, директор на средно училиште ,, Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу’’ во Приштина. Тој го информираше министерот за успешното учество на ученици од Косово, но и од Северна Македонија и тоа од гимназиите „Зеф Љуш Марку“ од Скопје  и „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово на  Меѓународната образовна конференција ЕДУ 2021. Како координатор на тимот учесници, рече дека од организаторот на оваа конференција, добиле покана за учество и годинава и дека истата е прифатена.

На средбата беше нагласена важноста од учеството на учениците и студентите од двете земји на вакви и слични конференции и европски образовни проекти, како начин за развивање на добрососедските односи и образовните политики.